четврток, 12 ноември 2026
Најново

Променливо време со сончеви периоди

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и вторник. Преку денот повремено ќе има умерена облачност, а дневната температура на југоистокот ќе достигнува 30 степени.

Поврзани вести