Селена Гомез првпат ја покажа раната после трансплантацијата на бубрег: Пејачката собрала сили да зборува за тешкиот период

Актерката и пејача Селена Гомез на Инстаграм објавила фотографија во едноделен костим за капење, на која ѝ се гледа раната од трансплантацијата на бубрегот.
Селена се фотографирала во дворот на нејзиниот дом, а покрај оваа фотографија напишала неколку реченици за самодовербата која сега ја има.


„Се сеќавам дека ми беше многу тешко да ја покажам раната која настана по трансплантацијата на бубрегот. Не сакав да се гледа на фотографиите, па носев работи со кои би се покрила. Сега сум повеќе од било кога полна со самодоверба до таа мера што веќе сум горда на неа. Горда сум на себе за сè низ што поминав“, истакнала пејачката.
Да потсетиме, таа беше оперирана во 2017-та година поради автоимуното заболување лупус, а нејзина блиска пријателка ѝ донираше бубрег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.