четврток, 12 ноември 2026
Најново

Доктор Пановски: Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доктор Никола Пановски вчера напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво.
Ако не се ангажираат сите и власта и опозицијата и докторите да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките бројките на заразени со ковид-19 ќе растат вртоглаво па можно е тие да достигнат и по 1.000 заразени дневно. Ова меѓу другото го изјави доктор Никола Пановски.
– Рекордот ќе трае кратко, ќе биде многу брзо соборен. Ова се бројки од петок сабота. По нив ќе дојдат нови од сабота, недела, па потоа нови случаи и тоа ќе се шири. Но ова е сериозен проблем. Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски. Треба да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите и светските лидери да ги вразумат граѓаноите да ги почитуваат мерките. Ова ако продолжи натаму ќе биде смешна бројка – изјави Пановски

Поврзани вести