Ослиќ во лут сос од домати

Потребни состојки:
1 кг ослиќ
4 чешниња лук
100 мл пире од домати
50 мл сок од домати
1 луто пиперче
Ловоров лист
Лимон
Маслиново масло
Бибер
Сол
Начин на подготовка:
Пропржете го сечканиот лук и тргнете го од масло. Испржете ја лутата пиперка, додајте го сокот од домати и ставете го и пирето од домати. Посолете, додајте бибер и оставете го додека да зоврие и испари течноста па тргнете го на страна.
Сварете ја рибата во зовриена вода во која претходно ќе додадете парчиња лимон, ловоров лист и бибер, варете ја околу 20 минути.
Исчистете ја сварената риба и исечкајте ја на поголеми парчиња, ставете ја во лутиот сос и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.