Тестенини со печурки – брзи и вкусни

Вкусни тестенини со печурки…

СОСТОЈКИ:
400 гр макарони
300 гр печурки
1/2 главица кромид
магдонос
50 гр маст
1 јајце
сол
бибер
коцка за супа


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Макароните згответе ги во солена вода и исцедете ги. Печурките исечкајте ги и пропржете ги со исечкан кромид и магдонос. На крај додајте разматени јајца полека да се стврднат и една коцка за супа. Ако е прегусто долијте вода и измешајте со макароните.
Сè заедно ставете во добро намастен сад, од горе ставете печурки и прелијте со растопена маст. Печете 25-30 минути.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.