Лоши вести од Бугарија, го соборија рекордот: Повеќе од 1.000 новoзаразени за еден ден

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1.024 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, објави Министерството за здравство. 

Во изминатиот ден беа тестирани 4.406 примероци.

 Денешниот биланс е за 629 нови случаи повисок од претходниот ден, пренесува БТА. 

Најголем број на новоинфицирани лица има во Софија, 292.

Од последното пресек уште 18 лица починаа. 

Бугарија се соочува со недостиг на медицински персонал, имајќи предвид дека во моментов се заразени 1.622 лекари.

 Во таа земја, од почетокот на епидемијата се заразени 30.527 лица, од кои 1.008 починале.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.