Сопругата на славниот шпански фудбалер и нејзината 21-годишна ќерка често позираат заедно и објавуваат фотографии на социјалните мрежи, а нивната сличност редовно ги одушевува обожавателите кои им пишуваат дека изгледаат како да се сестри близначки.
Марија по потекло е од Либан, таа е ќерка на бизнисменот Ели Тактук кој претходно го обвини Фабрегас дека му ја украл сопругата, а претходно оваа година заврши во затвор бидејќи не се придружуваше на судската одлука околу бракоразводната постапка за која сè уште се крева многу прашина.
Роденденот на Марија го честиташе и фудбалерот кој се ожени со нејзината мајка во 2018 година, иако со години беа во врска.
„Не можам да поверувам дека го почнавме ова патување кога ти имаше 9 години, а сега имаш 21. Твојата мајка направи одлична работа, растејќи те во жената која што си денес.“, напиша тој на објавата, истакнувајќи дека е горд што е нејзин очув, иако тоа е само збор.
„Се чувствувам дека сум ти многу повеќе и не би те менувал ниту за една ќерка во светот. Остани скромна и слатка. Бог нека те благослови“, порача фудбалерот покрај фотографијата, која ги одушеви неговите обожаватели.