Една од најголемите легендарни пејачки на Балканот Лепа Брена вчера го прослави својот јубилеен 60-ти роденден.
Таа заедно со семејството прославата ја организираше во нивниот ресторан, а на истата присуствуваа околу педесетина гости.
Парот прво играше валцер, а потоа нејзината снаа Александра Пријовиќ ја снимаше и роденденската торта.
Моментот кога пристигнуваше чоколадната торта со прскалки привлече големо внимание кај фановите кои веднаш и порачаа да им чува парче и на нив.
Инаку таа вчера призна дека не и се исполнила најголемата роденденска желба, а тоа е да го однесе семејството на егзотично патување.