Македонската пејачка запросена во Германија: Поранешниот ракометар на Металург клекна на колена пред саканата

Пејачката Зорица Блажева или Зои Блаж како што и е уметничкото име оддамна не е активна. Од музиката и пеењето се префрли на шминкањето, па ако нема нови песни, не значи дека нема нови во нејзиниот живот.
Таа периодв е во Германија, каде во градот Зул игра ракомет нејзиниот сакан, поранешниот ракометар на „Металург“, Тадеј Матијашиќ.


Како што е познато Зои е во неколкугодишна врска со ракометарот кој по потекло е од Словенија, а иако имаа доста периоди кога не беа близу еден до друг поради природата на неговата работа, љубовта остана да цвета и се покажа како толку силна што Тадеј изминатиот викенд во Германија ја побара раката на Зои.


-Кажав „да“ на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта , кажав „да“ на еден нов живот во кои ќе има само убавини …. Те сакам највеќе на цел свет, напиша Зои на своите профили на социјалните мрежи сакајќи сте да знаат за убавината која и се случува и колку е среќна.
Кога некои љубови се вистински, тогаш не важи онаа „далеку од очи, далеку од срце“, а Зои и Тадеј се вистински пример за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.