Пита од компири без кори со зеленчук и сирење: Никогаш поедноставна подготовка на лесна вечера!

Питата од компири е одлична за предјадење, лесна вечера или обилен појадок, а се подготвува брзо и едноставно.
Состојки:
– 2 компири
– 2 домати
– 2 кромиди
– 1 лута пиперка
– 4 јајца
– 400 гр. брашно
– 150 мл. млеко
– 100 гр. фета сирење
– 100 мл. масло
– 100 гр. кашкавал
– прашак за пециво
– 1 лажица сол


Подготовка:
Исецкајте ги излупените компири, кромидот и доматите, па додадете ја исецканата пиперка.
Изматете ги јајцата, посолете и додадете го исецканиот зеленчук.
Измешајте го сирењето, кашкавалот и млекото, па полека додадете го брашното измешано со прашакот за пециво.
Истурете во тава и печете на температура од 180 степени околу 35 минути.
Послужете додека е топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.