Обама разбеснет му викал на Путин на телефон: Го кршите суверенитетот на Украина, ќе има последици!

Американскиот претседател Барак Обама на телефон му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија го нарушила суверенитетот на Украина со испраќањето војници на Крим и го предупредил на можните последици, додека Путин возвратил дека Москва има право да ги заштити своите интереси и интересите на оние кои говорат руски јазик во Украина.-Соединетите американски држави ја осудуваат воената интервенција на украинската територија, рекла Бњлата куќа во соопштението истакнувајќи за што станувало збор во 90-минутниот разговор меѓу Обама и Путин.
Белата куќа рекла дека САД ќе го суспендираат учеството на подготвителните состаноци за самитот Г8 во рускиот град Сочи. САД ја повикуваат Русија да ја намали напнатоста со повлекување на силите од базата на Крим, истакнува Белата куќа. Оттаму предупредија дека продолжувањето на руското „кршење на меѓународното право“ во Украина ќе води кон поголема политичка и економска изолација на Русија.

Путин вчера побара и доби одобрување од парламентот да испрати војска во Украина која пак, предупреди дека било каква руска воена интервенција ќе значи војна и ги стави вооружените сили на највисока воена готовност.
Во соопштението од Кремљ, пак, за разговорот на Путин и Обама се наведува дека Обама изразил загриженост за можноста Русија воено да интервенира во Украина, а дека на тоа Путин ги истакнал „ провокативните, криминални акции на ултранационалистите кои потекнуваат од сегашната власт во Киев“.
-Рускиот претседател истакнал дека постојат реални опасности по животот и здравјето на руските граѓани и сонародници на украинската територија. Владимир Путин истакнал дека ако насилствата и понатаму продолжат да се шират на источниот регион на Украина и Крим, Русија го задржува правото да ги заштити сопствените интереси, соопшти Кремљ.
Обама возвратил дека ако Русија се грижи за Русите во Украина, тие грижи треба да ги реализира мирољубиво, соопшти Белата куќа.
Извор: republika.mk-Соединетите американски држави ја осудуваат воената интервенција на украинската територија, рекла Бњлата куќа во соопштението истакнувајќи за што

Пронајдете не на следниве мрежи: