Општина Карпош засади нови висококвалитетни дрвја и зеленило во рамки на Спортско – рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3. Покрај пешачката патека се засадија зимзелени садници – туи, а дворот е облагороден и со нови листопадни дрвја: липи, јасени и јавори.
Во должина на заштитната ограда на овој рекреативен центар се засади и нова „жива ограда“, која естетски ќе го разубави просторот во целина.
Зелената „жива ограда“, како и дваесетте листопадни дрвја се донација од „ПроКредит“ банката, која во повеќе наврати досега ја покажа општествената одговорност и грижата кон заедницата.
Основната цел е да се надомести изгубеното зеленило во централните урбани населби. Затоа Општината подигна нови маалски паркови и тревни површини во Карпош 1 (на ул. „Иван Аговски“), Карпош 2 (спроти Драмски театар), Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), Тафталиџе (меѓу зградите на ул. „Московска“), како и кај „воените“ кули во Долно Нерези.
Локалната самоуправа изминативе денови продолжи со раззеленувањето на Карпош на повеќе локации: околу „Млечен“, во близина на улицата „Васил Чакаларов“ и во Карпош 4 (кај „Антико“).
Ги повикуваме сите граѓани на одговорно користење на овие јавни простори. Исто така, при рекреацијата во овие зони, апелираме да се почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.