Медиумите дознаа каде се крие Јануковиќ?

Заврши ли потрагата по Јанукович? Украинските медиуми пишуваат дека знаат каде се наоѓа.Според нивни извори, претседателот по кого е распишана потерница се крие во руската база Севастопол.
Медиумите пишуваат дека според нивни сознанија, за него е подготвен брод на Црноморската флота кој планира да се насочи кон Русија.
Ова беше досега познато:
На 21 февруари Јанукович и Кљуев со хеликоптер полетале од Киев за Харков, појасни министерот. Во Харков тие требало да учествуваат на конференцијата на пратениците од Партијата на регионите, што се одржа на 22 февруари. Двајцата преноќиле во државната резиденција во Харков и потоа хеликоптерот тргнал во правец на аеродромот во Доњецк. Таму Јанукович и шефот на неговата администрација се обиделе да отпатуваат со два приватни авиони од типот „Фалкон“, но граничните служби го спречиле овој обид за бегство. Потоа Јанукович отседнал во државната резиденција во Доњецк, каде останал неколку часа.
На 22 февруари доцна вечерта со автомобил Јанукович пристигнал на Крим. На 23 февруари тој бил таму, отседнувајќи во еден од локалните приватни санаториуми. Државните резиденции веќе намерно ги одбегнувал, пренесува БТА.

Кога дознал за одлуката на Парламентот за назначување на Александар Турчинов за вршител на должноста претседател на Украина, Јанукович под итно го напуштил санаториумот и се упатил кон аеродромот Белбек. Тој не стигнал до таму, туку запрел во приватната резиденција во реонот на Балаклава. Таму ги собрал своите телохранители и ги прашал кој од нив ќе сака го придружува во иднина, а кој ќе го напушти. Дел од неговите телохранители изразиле желба да останат на Крим и Јанукович се збогувал со нив. На нив тој им предал и официјален отказ од државната служба за безбедност. Оние телохранители, кои, сепак, одлучиле да го напуштат, биле лишени и од нивното државно оружје.Според нивни извори, претседателот по кого е распишана потерница се крие во руската база Севастопол.
Медиумите пишуваат дека според нивни с

Пронајдете не на следниве мрежи: