Времето ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.