Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, од денеска е во официјална посета на Софија. Тој за БГНЕС изјавил дека ќе има состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Од кабинетот на Захариева објавија дека средбата со Бучковски е закажана за денеска.
Македонскиот претставник во четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.
„Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја, изјавил Бучковски.
Бугарија вчера на состанокот на Советот на министри во Брисел стави вето на преговарачката рамка за Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.



