Вистинска магија: Ова француско гратче се претвора во празнична бајка во текот на декември

Иако речиси секој град изгледа магично кога ќе се украси со новогодишни светилки, а особено кога ќе го покрие и првиот снег, некои европски градови посебно се истакнуваат од останатите.
Колмар е град во француската регија Алзас, сместен точно под источното подножје на планината Вогези, а низ градот поминува реката Лаух која со канал е поврзана со реката Рајна.
Основан во 9-от век, Колмар е вистинско мало гратче од светот на бајките, обоено со разнобојни куќи, мали продавници, мостови, канали и калдрмисани улици.
Има околу 86.000 жители, а го нарекуваат и „градот на виното и уметноста“. Поради прекрасните продавници, канали и фонтани, Колмар е познат и како „мала Венеција“.


За време на новогодишните и божиќните празници, ова гратче изгледа како од бајка. На секој чекор се чувствува магијата, радоста и возбудата на децата, незаобиколниот мирис на вареното вино…


А од 1998 година, градот ги инспирира своите жители да ја користат имагинацијата за да го доловат божиќниот дух така што се организираат натпревари во 3 категории: најубаво украсена куќа, прозорци и балкони, најубав божиќен пазар и најубаво украсен излог на продавница.


Ние денеска ви издвојуваме неколку најубави фотографии од Инстаграм кои сликовито ќе ви ја доловат магијата на Колмар пред претстојните празници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.