Ледено доба во САД

Метеролозите предвидуваат дека неверојатниот студен бран проследен со леден ветер кој вчера ги зафати САД, може да потрае неколку денаБранот се спушти од големите езера дури до делови на Флорида, на некои места симнувајќи ја температурата за неверојатни 30 степени во текот на еден ден. Причината за овој пад на температурата е ветрот кој доаѓа заедно со студениот бран. Метеролозите оваа појава ја нарекоа поларен вортекс, односно вител, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.
– Појавата е необична, но се случува. Единствената разлика е што во 1920-ите години, кога е случи ваков вортекс, температурите паднаа од околу 30 степени, на минус 6, изјави метерологот Дејвид Старк.
Ноќните температури во Атланта, во сојузната држава Џорџија, длабоко на топлиот југ на САД, вчера се спуштија до минус 10 степени. Падот на температурите во Флорида е околу 15 степени од вчера до денеска.
Во централните делови источно од реката Мисисипи, во Нова Англија, и особено во областа на големите езера на северот на САД, падот на температурата е многу пострашен. Чикаго ноќеска мрзнеше на минус 20 степени, а Детроит и Минеаполис на минус 25. Спрингфилд во Масачусетс за неколку часа падна од 13 степени, на минус 14. Рекорден студ може да се забележи во делови на Северна Дакота, каде температурите од
минус 50 степени се буквално смртоносни за незаштитените граѓани. Едиствено Тексас на југот и државите подалеку на запад од реката Мисисипи се заштитени од поларниот вител.

Лекарите предупредуваат дека поради ветрот, граѓаните не смеат да излегуваат надвор без потреба, и без неколку слоеви топла облека. На југот на Илиноис неколку стотици автомобили вчера се најдоа завеани од снегот на автопат, но спасувачките служби успеале да дојдат до нив пред да има потешки повреди од студот. Смрзнувачките услови доведоа до откажување на околу 3.700 летови вчера попладне, кога студениот бран
почна да се шири кон југот и источниот брег. Најтешко погодени се аеродромите во Њујорк и Бостон.
Локалните власти низ САД подготвуваат прифатни центри во спортските сали, црквите и други локации, каде може да се примат бездомниците на кои им се заканува сигурна смрт доколку останат на улиците. Градските власти низ САД објавуваат телефонски броеви и ги повикуваат граѓаните веднаш да се јават и да пријават доколку видат бездомник на улица.
Паралелно, општините низ САД најавија дека училиштата денеска нема да работат поради временските услови, а спасувачките екипи, пожарникарите и полицијата се целосно мобилизирани.Бранот се спушти од големите езера дури до делови на Флорида, на некои места симнувајќи ја температурата за неверојатни 30 степени во текот на еден

Пронајдете не на следниве мрежи: