Вчера паднаа сервисите на Гугл

Во моментов сервисите на Гугл се соочуваат со проблеми и не функционираат за голем дел од корисниците. Од проблемот се засегнати Гугл пребарувачот, Јутјуб, Г-мејл, Гугл Драјв и други платформи во сопственост на интернет гигантот.

На сите овие платформи корисниците ги дочекува страница на која пишува „Системот се соочи со проблем…“ или пак „Нешто погрешно се случи“.

Според страницата „DownDetector“ проблемите започнале да се појавуваат околу 12:58 минути по македонско време и со нив се соочувале корисници од целиот свет.

Од оние кои што ги пријавиле проблеми со Јутјуб преку сајтот половината не можеле да пристапат до страницата, додека другата половина не можела да гледа видеа или да се пријави на својот профил.

Кај пријавените проблеми со Г-мејл, 75% од корисниците не можеле да се најават, 15% не можеле да пристапат до страницата, а 8% не примале мејлови.

Од Гугл соопштија дека се запознати со проблемите со кои се соочуваат сите нивни платформи и иако најавија нивно решавање или повеќе информации до 13 часот и 12 минути, проблемите и понатаму продолжуваат, а нема дополнителни информации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.