Снежната бура „Херкулес“ го погоди североистокот на САД

Големо снежно невреме синоќа го зафати густо населениот североисточен дел на САД, поради што локалните власти во делови на сојузните државите Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба.Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, бурата наречена Херкулес, затрупува со снег голем дел на САД, на потегот од реката Мисисипи, па до Атланскиот Брег, а снежната покривка е особено голем во градовите на Нова Англија.
Бурата предизвика проблми во авионскиот сообраќај во овој дел на САД, во време кога милиони Американци се враќаат од божикните и новогодишните празници и почнуваат со работните обврски.
Аеродромските власти во Бостон почнаа масовно да ги откажуваат летовите, додека на аеродромите во Њујорк се подготвуваат импровизирани легла за илјадниците патници кои ја минуваат ноќта на аеродромските терминали.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо вчера прогласи вонредна состојба и нареди затворање на некои од поголемите автопатишта во државата во текот на ноќта со цел да се спречат сообраќајни несреќи.

Бурата е предизвик и за Бил де Бласио, новиот градоначалник на Њујорк, кој ќе мора да покаже дека може да го управува најголемиот град на светот. Една од најтешките политички кризи за неговиот претходник, Мајкл Блумберг, беше неможноста навреме да се обезбеди сообраќајот низ Њујорк по една од поголемите снежни бури во 2010 година. Де Бласио вчера најави дека градот ангажирал 500 приватни багеристи да помогнат во расчистувањето на градските улици.
– Сите сме фокусирани, координирани и подготвени, изјави де Бласио, кој ги повика Њујорчани да ја поминат ноќта во своите домови, со цел механизацијата да може непречено да работи. Метрополата се подготвува и за опасноста од поплави во пониските реони, кои најтешко страдаа од ураганот Сенди, кој го погоди Њујорк минатиот октомври.
 Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, бурата наречена Херкулес, затрупува со снег голем дел на САД, на потегот од реката Мисисипи, па до Ат

Пронајдете не на следниве мрежи: