Ова е жената самоубиец која се разнесе во Русија!

Жена самоубиец активира експлозив на железничката станица во Волгоград. Десетици загинати и ранети е црниот биланс од експлозијата што одекнала пред влезните врати и првиот кат на зградата.Во атентатот загинал и соработник на полицијата, а тројца полициски службеници се ранети. Од нив еден е во потешка состојба. Меѓу повредените има и двегодишно дете. Рускиот претседател Путин побара од надлежните институции да се преземат максимални мерки за безбедност на железничките станици и аеродромите. Тим од најдобрите истражители и криминолози го истражуваат денешниот напад.
Според последното соопштение на портпаролот на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин, во експлозијата предизвикана од жена-самоубиец на железничката станица во Волгоград починале најмалку 14 лица, додека 37 се повредени.
Пронајдени се и посмртните останки од жената која го изведе самоубиствениот напад. Бомбата која била активирана содржела 10 килограми ТНТ експлозив. Според Russia Today, жената е идентификувана како Оксана Асланова.
„Кога ги видела полицајците во близина на детекторот за метал, станала нервозна и го активирала експлозивот“, наведува Маркин во соопштението.
Оксана Асланова се наоѓа на листата на барани луѓе од 2012 година. Владата на семејствата чии членови загинаа во терористичкиот напад ќе им даде по 30.000 долари, пишува Voice of Russia.Во атентатот загинал и соработник на полицијата, а тројца полициски службеници се ранети. Од нив еден е во потешка состојба. Меѓу повредените има и

Пронајдете не на следниве мрежи: