Потребни состојки:
1 кг пилешко месо
1 лажица мед
1 лажица кари
Соја сос
Сол
Сусам
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо на коцки и посолете го. Промешајте мед, кари и соја сос. Во таа смеса додајте го секое парче од пилешкото месо, а потоа наросете го со сусам.
Печете 45 минути во рерна на 220 степени.
Извадете го пилешкото и послужете. Како прилог може да послужите ориз или пире.