Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, е позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Оттаму велат дека тој останува дома во изолација, се чувствува добро, а во изолација останува и неговата сопруга.
Според епидемиолошката анкета, велат од Министерството за здравство, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЖАРКО КАРАЏОВСКИ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС





