„Регионот го мачи иста мака, тоа е јасно. Сите молчиме за работи за кои не би смееле. Така сме научени. „Молчи да не се замериш“, „Молчи, ќе слушне некој“… тоа е образец кој нѐ чини нормален живот“, рече за порталот Н1 водителката Јелена Обучина, која со својот гест пред неколку дена го привлече вниманието на јавноста во целиот регион.
Српската водителка Јелена Обучина својата емисија „Преглед на денот“ ја почнала невообичаено – со молчење. После „Добровечер“ водителката молчела, а непријатната тишина траела 15 секунди.
Потоа ги потсетила гледачите на сите оние настани, неправди, лаги и манипулации на кои граѓаните молчат не подигнувајќи го гласот.
Ćutanje…
Neprijatno je, ali mi smo navikli da ćutimo na mnoge bitne stvari.
Ćutimo kada ne bismo smeli i zato nemojte nikada više pitati žrtve zašto su ćutale, nemate pravo, nego ih podržite da progovore kad god da su spremne!
Uvod u #PregledDana sa Jelenom Obućinom. pic.twitter.com/7AqvgXcBiS— Newsmax Adria – Srbija (@NewsmaxAdriaBG) January 18, 2021
„Непријатно е, ама ние навикнавме да молчиме, кога ни доцнат платите, кога носиме пелени за 300 евра, кога ги фотографираме гласачките ливчиња, кога пилотите се прогласени за алкохоличари, кога немаме вода за пиење, кога ни ги трујат реките, кога нема место во болниците, кога нѐ тепаат на протестите… кога комплетни идиоти ќе го урнат целиот град, кога тетката пратила пари од Канада… кога нѐ лажат за короната, кога нѐ скаруваат со соседите. Ние молчиме кога не би смееле. И затоа веќе никогаш не ги прашувајте жртвите зошто молчеле. Немате право, само поддржете ги кога ќе прозборат кога ќе бидат подготвени“, рекла Јелена во воведот на емисијата.
На овој начин водителката ѝ даде поддршка на младата глумица Милена Радуловиќ, која храбро во својата исповед обелодени дека педагогот и професор по глума Мирослав Мика Алексиќ ја силувал кога имала само 17 години.