СЕМКИ од тиква – грицкање без грижа на совест!

Кој вели дека не постојат здрави грицки?
Ако сте љубител на нездравите грицките, време е да направите промена. Верувајте, нема да ви недостастуваат. Семките од тиква освен што се здрава, тие се и особено вкусна алтернативна на препроцесираните пакувани чипсови и смоки. Заедно со сончогледот тие се идеална алтернатива.
Прилично се ефтини и достапни, а и не бараат посебни услови на чување, што значи може да ни бидат ужина во секоја прилика.
Освен како грицки, можат да се консумираат како додаток во различни салати, миксови од семиња, смутиња, но може да се прават и путери и различни намази од семки.
Семките обезбедуваат низа на нутриенти со најразлични корисни дејства за здравјето, а во продолжение ќе ги наведеме најважните.
Особено богат нутритивен и антиоксидативен состав за борба со хроничната инфламација
Во 100g печени и посолени семки од тиква се содржат:


• 536kcal
• 4g јаглехидрати
• 32,2g протеини
• 42,9g маснотии, од кои 9g заситени
• 71mg калциум
• 16,1mg железо
• 571mg натриум
• 91mg магнезиум
Семките се исто така добар извор на цинк, бакар и селен. Тие се еден од најдборите извори на магнезиум во храната
◦ Магнезиумот игра важна улога во над 300 ензимски рекации, учествува во метаболизмот на разградување на храната и во метаболизмот на синтеза на масните киселини и протеини. Дополнително, многу е важен за нервниот систем и мускулите. Недостатокот од магнезиум е почест кај повозрасните и може да води кон посериозни заболувања како метаболен синдром, кардиоваскуларни заблувања и остеопороза.
Ладно цеденото масло од семки и семките се богат извор на антиоксиданти.
Антиоксидантите се компоненти кои ги превенираат оксидативните оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.
Дисбалансот помеѓу нив може да води кон зголемени нивоа на оксидативен стрес, што води кон развој на хронично воспалителни. Тие на долг рок, можат да предизвикаат повеќе хронични заболувања, како кардиоваскуларни, ревматоидни, малигни заболувања, дијабетес итн.
Телото произведува дел од антиоксидативните материи, но многу е важно и ние да ги внесуваме преку исхраната. Семките од тиква и ладно цеденото масло се особено богати со липофилни антиоксиданти и полинезаситени масни киселини. Сепак, маслото е концентрирана енергија, односно калории, па подобро е овие антиоксиданти да бидат внесени од несолени печени семки од тиква.
Дијабетес


Некои нутриенти од семките можат да помогнат во бробата со дијабет тип 2. Високо реактивниот кислород игра улога во развојот на дијабетот, а анималните студии покажуваат дека антиоксидантите можат да помогнат во намалување на ризикот.
Магнезиумот со кој се богати семките, исто така може да помогне. Студиите покажуваат дека секои дополнителни 100mg магнезиум дневно, го намалуваат ризикот од развивање на дијабет тип 2 за околу 15%.
Намалените нивоа на магнезиум можат да ја нарушат секрецијата на хормонот инсулин и да ја намалат инсулинската сензитивност.
Семките од тиква се особено добри за кардиоваскуларното и здравјето на црниот дроб
Семките од тиква содржат омега 3 и омега 6 масни киселини, антиоксиданти, но и добра количина на растителни влакна. Ваквата комбинација е одлична за здравјето и на срцето и на црниот дроб.Растителните влакна од семките помагаат во намалувањето на нивото на вкупен холестерол во крвта и на тој начин го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Според досегашните студии, омега 3 масните киселини можат:
• да го намалат ризикот од тромбоза и артимија, што може да води кон мозочен и срцев удар и откажување на срцето
• да го намалат вкупниот холестерол, но и триглицеридите (маснотиите) во крвта
• да превенираат од артеросклероза (масни наслаги го се насобираат на ѕидовите од артериите и можат да водат до запушување)
• да ја подобрат ендотелијалната функција, што е мерка за циркулаторното здравје
• благо да го намалат крвниот притисок
Дополнително, семките од тиква содржат фитостероли, соединенија кои исто така можат да делуваат на намалување на ,,лошиот“ LDL холестерол во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.