Најбрзиот бургер на светот

Состојки
Фант за ќебапчиња и плескавици
70 мл. вода
500 гр. телешко мелено месо (од рамстек)
1 јајце
100 гр. тенко сечена сланина
малку сирење
1 кромид
1 домат

Подготовка
Чекор 1: Фантот ставете го во млаката вода, промешајте и оставете го на страна неколку минути. Додадете го растворениот Фант во месото заедно со јајцето и измесете ја смесата. Оставете ја малку да отстои и формирајте 4 плескавици. Печете ги на Грил тавата.
Чекор 2: И лепчето потпечете го на Грил тавата.
Чекор 3: Запржете ја сланината и додадете ја во бургерот.
Чекор 4: Сервирајте со сирење, кромид и домати!
СОВЕТ: Фантот за ќебапчиња и плескавици ги содржи сите потребни зачини за подготовка на одличен домашен бургер. По желба, додадете свежи зачини во сендвичот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.