Грицкајте ги: Ја ублажуваат менопаузата, го снижуваат холестеролот и нивото на шеќер во крвта

Доколку сакате да грицкате семки од тиква, треба да знаете дека освен што се превкусни тие имаат и поволности за нашето здравје.
Не може да се занемари фактот дека семките од тиква во овие студени денови го подобруваат расположението.
Научниците веќе дошле до заклучок дека тие помагаат во намалување на депресијата, а одлични се и за намалување на стресот и анксиозноста.
Во истражувањето било потврдено дека 30 грама семки од тиква дневно ги ублажуваат и симптомите на артритис.
Истражувањата исто така покажале дека семките од тиква го намалуваат нивото на холестерол во организмот и тоа за 13 отсто.
Исто така, семките го намалуваат ризикот од настанување на крвни грутки, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочни и срцеви удари.


Го регулираат шеќерот во крвта и холестеролот
Со оглед на тоа што се богати со незаситени шеќери и масни киселини, тие го регулираат нивото на шеќер во крвта. Многу од експертите ги препорачуваат семките од тиква на дијабетичарите.
Изобилуваат со цинк
Луѓето во чие тело недостасува цинк треба да размислат за тоа да почнат да грицкаат семки од тиква. Тие изобилуваат со цинк, минералот кој што е потребен за нашите коски. Само 1/4 шолја семки од тиква содржи 17 отсто препорачана дневна вредност на цинк која што треба да ја внесуваме во нашето тело.
Семките од тиква се богати и со растителни влакна и протеини. Во 30 грама семки од тиква има околу 5 грама протеини, со што подолго време ќе се чувствувате сити. Сепак треба да ги јадете умерено затоа што една шолја семки од тиква содржат околу 285 калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.