Пробајте го рецептот за вкусен крем од лешници и чоколадо.
Потребно ви е:
300 мл слатка павлака
2 пакетчиња ванилин шеќер
Неколку капки ванила
200 г пржени лупени лешници
230 г млечно чоколадо
2 лажици какао
75 г масло
Начин на подготовка:
Смелете ги лешниците и исечкајте го чоколадото. Во сад ставете слатка павлака, ванилин шеќер и неколку капки ванила. Варете го додека да почне да врие за да се растопи чоколадото.
Додајте ги лешниците и варете на умерена температура околу 10 минути со постојано мешање. Тргнете од оган, па промешајте за да добиете убав крем.
Кремот од лешници повторно вратете го на оган. Додајте масло, чоколадо и какао и мешајте додека да се растопи чоколадото.
Оставете го да се излади, а потоа истурете го во тегла, затворете и оставете го да отстои преку ноќ.