Тренинг од само четири минути што топи килограми како од шега

Сепак, пред неколку години, светот „полуде“ по табата – тренинг што трае четири до 16 минути без загревање, а неговата популарност не спласнува.
Табата е метод за слабеење што како концепт е дело на јапонскиот научник д-р Изуми Табата. Иако овој тренинг е краток, вежбите се многу тешки, бидејќи вклучуваат интервали со многу висок интензитет и краток одмор.
Токму поради тоа, краткиот тренинг за почетници што ви го покажуваме во прилог дефинитивно ќе биде еден од најтешките што сте ги направиле.
Се состои од неколку вежби во траење од 20 секунди и паузи од десет секунди. Четири до шест сетови вежби ќе ви одземат четири минути. Откако ќе фатите ритам, продолжувајте го времетраењето на тренингот до 16 минути.
Најдобро од сѐ е што можете да ги правите табата вежбите дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.