Списокот на позитивни ефекти кои цвеклото ги има по нашето здравје е навистина долг, а со добра причина го нарекуваат и „суперхрана“.
Преполно е со витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, а можат да го заштитат телото од сезонски настинки, но и да ја подобрат општата состојба на организмот. Исто така, содржи висок процент на железо, а особено е богато со протеини, масти и јаглехидрати.
Содржи голема количина фолна киселина, а токму таа поволно влијае на намалување на крвниот притисок, но и на сите останати кардиоваскуларни тегоби.
Цвеклото е богато и со нитрати кои во телото се претвораат во азотни оксиди што ги опушта и шири крвните садови, а подобрената циркулација го намалува притисокот. Според една студија, само една чаша сок од цвекло дневно успешно го намалува крвниот притисок.
Бројни студии покажуваат дека цвеклото добро делува на синтезата на ДНК, па затоа неговата консумација особено им се препорачува на трудниците.
Поволно делува и на работата на дигестивниот систем, а поради малата калориска вредност и влакната е одлично за лицата кои се на диета.
Професионалните спортисти се колнат во моќта на цвеклото. Зошто? Нитратите кои тоа ги содржи му даваат сила и издржливост на телото.
Азотните оксиди, како што напоменавме, ги опушта и шири крвните садови, а спобоноста на телото само да ги произведува опаѓа. Паралелно со тоа се намалува измената на материи и нервната активност во мозокот, а тука цвеклото има улога на погонско гориво.
Една студија од 2010 година покажала дека луѓето кои само 2 дена биле на исхрана богата со нитрати, имале подобра концентрација и поорганизирано и попрецизно ги извршувале задачите од оние кои консумирале малку нитрати.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.