ФЕР ПЛЕЈ: Чудо од фудбалски натпревар, Јеовил му дозволи на Бирмингем да постигне гол, за да биде фер и коректно!!!

Во фудбалот овие настани и случувања се секако несекојдневни, како ретко кој тим и играчи, фудбалерите на Јеовил покажаа вистински фер плеј на натпреварот со Бирмингем во вамките од Англискиот Лига Куп.Мечот меѓу екипите на Јеовил и Бирмингем во рамките од Лига Купот на Англија заврши со резултат 3-3.
Натпреварот на „Хуш Парк“ во Јеовил го следеа околу 4000 љубители на фудбалот, во главно, навивачи на домашниот тим.
Се случи мошне неочекуван момент од овој натпревар.
Имено, фудбалерите на Јеовил му дозволија на својот противник да постигне голо, бидејќи сметаа дека голот што тие го постигнале претходно бил не фер.
Резултатот по регуларните 90 минути гласеше 2-2, па се продолжи во продолжение.
Во 105-тата минута од мечот Ајлинг постигна погодок за водство на домаќините, но погодокот дојде по една, се чини, не фер ситуација. Имено, домаќините при една исфрлена топка во аут, поради повреда на фудбалер, не ја вратија топката кај играчите на Бирмингем, туку акцијата ја продолжија, што резултираше со погодок.
Сето тоа наиде на гнев кај гостинските фудбалери, а тренерот на домаќините, Џонсон, им даде дознаење на фудбалерите дека тој погодок не е во ред, па и тој самиот си најде вина за тоа.
Две минути подоцна, правдата беше задоволена со погодокот на Новак, во 106-тата минута од мечот, па натпреварот продолжи во пенал рулет.
На пенали, екипата на Бирмингем славеше со 2-3 и продолжи во понатамошната фаза од натпреварувањето на Англискиот Лига Куп, односно во третата рунда.Мечот меѓу екипите на Јеовил и Бирмингем во рамките од Лига Купот на Англија заврши со резултат 3-3.

Пронајдете не на следниве мрежи: