Без разлика дали го славите Денот на љубените во парови, сами или со група пријателки, слатката закуска е неизоставен дел од таа приказна. Во пресрет на Денот на вљубените, пронајдовме едноставен рецепт за десерт кој за еден миг ќе исчезне од трпезата, а во главната улога е здравата и вкусна калинка.
Денот на вљубените е ден кога се слави љубовта, без оглед дали сте во среќна врска или успешно го одржувате соло статусот. Без разлика дали планирате да го поминете најромантичниот ден во годината сами, со партнер или пријатели, фин десерт е најдобриот начин да го прославите.
Малкумина ќе одбијат вкусен тарт, а ако го барате оној за кој не е потребно многу време и напор, најдовме рецепт со калинка и ванила во главната улога.
Состојки:
150 гр бело брашно
1/2 лажиче прашок за пециво
малку сол
2 лажици шеќер
90 гр путер
поголемо јајце
1/2 лажица екстракт од ванила
3 лажици какао
150 гр црно чоколадо
6 лажици слатка павлака
Прелив:
20 гр путер
200 гр шеќер во прав
1/2 дкл сок од лимон
рендана кора од лимон
калинка
Постапка:
Измешајте брашно, прашок за пециво, какао, сол и шеќер. Додадете го сецканиот путер и притиснете го во брашното со рацете за да добиете смеса на лик на песок. Додадете екстракт од ванила и лесно изматено јајце.
Измесете го тестото добро и обликувајте топче. Завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер половина час.
Загрејте ја рерната на 180 ° C. Калапот за тарт обложете го со хартија за печење, расукајте го тестото, избоцкајте го со вилушка и печете околу 15 минути.
Скршете го чоколадото на коцки и промешајте во врелата слатка павлака и мешајте додека не се стопи. Истурете го на изладеното тесто и оставете го да отстои некое време.
Изматете омекнат путер, сок од лимон, рендана кора и шеќер во прав. Прелијте ја глазурата со чоколадото и посипете ја со исчистена калинка. По желба украсете со парчиња јаболка како на фотографијата.
Среќен ден на вљубените!