Потребни состојки:
700 г спанаќ
2 чаши од 2,5 дл ориз
4 чаши вода
1 коцка за супа од зеленчук
3 лажици путер
1 кромид
Масло
Сол и бибер
Нане
Сос
3 лажици путер
3 лажици брашно
1/2л млеко
2 јајца
100 г кашкавал
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот на ситни коцки и пропржете го во тава. Измијте го спанаќот и исцедете го. Откако ќе се спржи кромидот, додајте спанаќ и пржете додека да омекне. Посолете и додајте неколку листови нане. Пржениот спанаќ тргнете го на страна. Сварете го оризот во зовриена вода во која ќе ставите коцка за супа. Сварениот ориз тргнете го од оган. Намачкајте го тавчето за печење со путер и ставете половина од оризот. Потоа додајте половина од пржениот спанаќ. Повторно ставете ориз, па пак спанаќ. Во длабок сад ставете путер за се растопи и на него пропржете го брашното. Додајте млеко и мешајте за да не се направат грутки.
Откако ќе зоврие и ќе се згусне тргнете го од оган. Откако ќе се излади додајте ги изматените јајца и мешајте да се соединат со сосот.
Со готовиот сос прелијте го спанаќот и посипете со рендан кашкавал и ставете го да се пече во рерна на 180 степени.