Тајните на големите мајстори: Како најдобро се варат тестенини?

Научниците повеќе пати проучувале како е најдобро да се варат тестенините, а новата студија вели дека треба да обрнеме внимание на четири чекори при подготовката.
Тестенините се омилено јадење во речиси сите краишта на светот, па затоа не изненадува сознанието дека и најголемите кулинарски мајстори и научниците се мачат да го изнајдат најдобриот начин како да се подготват.
Научници од САД дојдоа до заклучок дека за време на варењето, протеините формираат сложена мрежа околу скробот што останува во тестенините. Во спротивно, би добиле леплива и згрутчена маса. Истото ќе се случи ако не ги мешаме тестенините повремено за време на варењето, бидејќи ќе се залепат.


Познатите готвачи се согласни дека тестенините секогаш треба да се ставаат во врела вода што врие бидејќи така ќе се движат и нема да се залепат, но сепак се поделени околу тоа дали треба да се додаде масло во водата додека се варат.
Лидија Бастијанич и Алтон Браун не сакаат да додаваат масло затоа што се едни од оние кои сметаат дека сосот се лизга од тестенините поради тоа. Гордон Ремзи, од друга страна, не гледа проблем во ова и е убеден дека маслото спречува лепење на тестенините.

И научниците имаат трето мислење. Тие се убедени дека целото масло ќе отиде заедно со водата кога ќе ги исцедите тестенините.
Има уште три важни правила што не треба да се прескокнуваат. Првото е дека водата дефинитивно треба да се посоли бидејќи солта го нагласува вкусот на тестенините. Второто е дека никогаш не смеете да ги исплакнете тестенините по цедењето, бидејќи така ќе го измиете тенкиот слој на скроб кој овозможува тестенините подобро да се спојат со сосот. И трето, за да ја добиете добитната комбинација кога правите тестенини со сос, ставете малку од водата во која се вареле во сосот, ќе придонесе сосот подобро да се залепи на тестенините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.