Кога ќе ги пробате, ќе заборавите на сите останати: Превкусни руски ќофтиња во сластен сос од павлака

Се прават брзо и лесно, а вкусот им е едноставно божествен, па веруваме дека нема за брзо време да го заборавите.
Состојки:
За ќофте:
– 500 грама мелено месо;
– 1 главица кромид;
– 2 лажици путер;
– 100 милилитри млеко;
– 2 јајца;
– 100 грама презла.
За сос:
– 2 лажици путер;
– 4 лажици брашно;
– 800 милилитри говедска супа;
– 200 милилитри павлака за готвење.


Подготовка:
Издинстајте го ситно исечканиот кромид со путерот, па потоа смесата ставете ја во поголем сад. Додадете го меленото месо, јајцата, презлата, млекото и солта, па соединете.
Оставете ја смесата во фрижидер околу еден час, а потоа со рацете формирајте ќофтиња, ставете ги во плех кој што претходно сте го обложиле со хартија за печење, па печете 20 минути на температура од 220 степени Целзиусови.
За сосот потребно е да го растопите путерот, да го додадете брашното, па да мешате пет минути. Потоа истурете ја говедската супа, постојано мешајќи, зголемете ја температурата, па додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие.
Зачинете со сол и бибер, варете пет-шест минути, додадете ги ќофтињата, па почекајте додека сосот не згусне.
Послужете со компир.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.