Времето утре ќе биде наутро студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец.
Во сабота времето ќе биде преку денот сончево и потопло. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од западен правец.
Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

До сабота поради влијанието на студената воздушна маса, разведрувањето и снежната покривка која ја има во поголем дел од земјава, утринските температури ќе бидат значително ниски за овој период од годината. Утре ќе бидат во интервал од -9 до -1, во сабота од -6 до 0, а од недела ќе бидат во позначителен пораст.
Пронајдете не на следниве мрежи:



