четврток, 12 ноември 2026
Најново

Државниот врв се надева на брзо пристигнување на кинеските вакцини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Заев со апел до кинескиот министер за одбрана да се забрза испораката на кинеските вакцини за земјава. Генерал Веи Фенгхе, кој со својата делегација е во официјална посета на земјава, вети дека ќе ја пренесе пораката до надлежните институции во Кина за, како што рече, да се потврди пријателството меѓу двете земји и во време на криза.
Македонија очекува 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм”. Иако првично требаше да пристигнат во февруари, пратката беше неколку пати одложена, за на крајот производителот да го врати капарот што земјава го депонираше.
Инаку, владините делегации на двете држави разговараа и за подобрување на економската соработка. Од Владата информираат дека наскоро треба да завршат и разговорите за укинување на визите, што ќе придонесе за поголем раст на трговската размена, но и туризмот.
Ресорните министри од Македонија и Кина разговараа и за соработката од доменот на одбраната, каде земјава најмногу добива помош во делот на воено образование и обука. Лани Кина донираше и заштитна медицинска опрема за македонската армија во вредност од околу 250.000 долари.

Поврзани вести