Во изминатото деноноќие починаа две родилки позитивни на ковид-19, кои овој месец беа породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје (ГАК). Една од родилките почина на КАРИЛ, а другата во ГОБ „8 Септември“, соопштија од Клиниката.
Едната почината родилка е 33-годишна жена од Делчево, на која ова и било втора бременост. Таа се породила во термин со царски рез. Родила машко бебе во добра општа состојба, кое веќе е испишано од ГАК.
Од ГАК велат дека родилката ја примиле на 10 март во лоша состојба, со висока температура, ниска сатурација и со кашлица. Родилката на 11 март била породена на ГАК, но поради влошување на нејзината клиничка состојба, бил препратена на натамошно лекување во ГОБ „8 Септември“. Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март родилката добила негативен PSR тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март и бил направен антигенски рапид тест кој покажал позитивен резултат.
Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија
Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка, исто таа бремена со второ дете. И таа била породена на ГАК со царски рез, во 30-та недела од бременоста.
Родилката на ГАК беше донесена од Инфективната клиника во Скопје на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата состојба, беше препратена на интензивно лекување на КАРИЛ. Нејзиното предвремено родено бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е на респиратор, стои во соопштението од Клиниката.
Грците одат да се вакцинираат, големо мнозинство од грчкото општество има доверба во вакцините, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката Катерина Сакеларопулу.



