Предлог што да подготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
1 кг свинско каре
Сол и бибер
1 лажица маслиново масло
2 лажици мед
Целер
1 главица кромид
3 чешниња лук
2 моркови
1-2 пиперки
1 лажичка мајчина душичка
200 мл пилешка бистра супа или вода
100 мл неутрална павлака
Начин на подготовка:
Измијте го месото, избришете го со салфетка и премачкајте го со мед и масло, а потоа посолете го.
Исечкајте моркови, целер, кромид и пиперка на ситни парчиња. Ставете го месото врз зеленчукот па додајте мајчина душичка, лук, пилешка супа или вода.
Покријте го тавчето со фолија и печете на 180 степени околу 80 минути.
Тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Печеното месо префрлете го на чинија и покријте го со фолија.
Сокот од зеленчукот и зеленчукот префрлете го во сад и направете каша со помош на рачен блендер. Ставете го сосот да се вари на умерена температура, додајте павлака и варете уште неколку минути.
Исечете го месото и сервирајте со пире од компири и салата по ваш избор.