четврток, 12 ноември 2026
Најново

Продолжува судењето за ,,Меѓународен сојуз”, предвидени сведочења

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за што заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, а на некои од следните продoлженија и битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.
Судењето за овој предмет е во фаза на изведување вербални докази.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Покрај Бојан Јовановски, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Поврзани вести