Баклава готова за 20 минути: Слатко задоволство кое ги храни душата и телото, а се прави од 5 состојки!

Брза баклава која се пече само 20-на минути.
Состојки:
– 1 пакување кора за пита
– 125 гр. путер
– 1 или 1/2 шолја ореви
– 3 шолји шеќер
– 2 шолји вода
Подготовка:
Поделете ги корите на 2 еднакви делови. Врз едната половина истурете 1/3 растопен путер и половина од грубо мелените ореви. Завиткајте добро во ролна и повторете ја постапката со другата половина од кората.
Исечете ги ролатите на кургови со големина од околу 2-3 сантиметри и наредете ги во премачкана тава – вертикално, како чинии.
Одозгора истурете го преостанатиот растопен путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна, на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава розова боја.
Подгответе шеќерен сируп со ванила, оставете го да проврие неколку минути. Откако малку ќе се излади, прелијте го врз изладената баклава. Врз баклавата ставете ореви и сервирајте откако малку ќе отстои.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.