Зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот?

Ги топи масните наслаги, а исто така го регулира нивото на шеќер и холестерол. Диетата со цимет е прилично едноставна и не бара подготовка на посебни оброци. Таа вклучува пиење пијалак со цимет двапати на ден.
Зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот?
Основата на оваа диета е циметот. Покрај тоа што ви помага да го поттикнете варењето на храната, циметот има корисен ефект и врз целокупното здравје на организмот.
Во диетата со цимет, од вас не се бара да ги ограничувате оброците, туку да ја замените мрсната храна и онаа богата со шеќер со поздрава храна. Единственото правило што треба да го следите е да пиете чаша јогурт со малку мрснотии и една лажичка цимет наутро, откако ќе се разбудите и навечер, пред да си легнете.
Исто така, се препорачува да воведете лесна физичка активност 2 пати неделно.
Предлог-мени
Појадок: чаша јогурт со цимет, кајгана од 1 цело јајце и 3 белки, парче тост и 3 листа пршута
Ужина: неколку бадеми
Ручек: пилешко, зеленчук и киноа
Ужина: сезонско овошје или грчки јогурт
Вечера: чаша јогурт со цимет, овесна каша и овошје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.