Граѓаните не останаа дома за споените слободни четири дена за велигденските и првомајските празници.
Некои заминаа во Србија, а дел ги исполнија туристичките места.
Охрид беше исполнет со гости, јавува Тв Сител.
Најмногу имаше гости од земјава, но овој град традиционално го посетија соседите од Србија, а имаше и гости од Црна Гора.
Низ градот веќе од денеска има раздвиженост. Некои се шетаа по ривиерата, а некои ги посетија угостителските објекти.
Од СВР Охрид најавиле засилени контроли. Околу 100-тина полициски службеници ќе патролираат на најфреквентните локации во градот, летните тераси на угостителските објекти и верските храмови.



