Пилешко во соја сос и мед

Се ближи времето за ручек, па доколку не знаете што да подготвите денес, ви препорачуваме да направите пилешко во слатко-лут сос.
Потребни состојки:
6 пилешки батаци
2 лажички мед
Маслиново масло
Соја сос
3 чешниња лук
1 кромид
Мајчина душичка
1 лажичка кафеав шеќер
2 лажички густин
Сусам
Чили зачин
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Исчистете ги батаците и исечете ги на коцки. Во подлабок сад додајте ги сите состојки освен сусам и измешајте. Оставете го пилешкото месо во фрижидер за да се маринира најмалку 2 часа.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете го пилешкото месо на хартија за печење и наросете со сусам. Печете 20 минути. Послужете со ориз и сезонска салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.