Мелинда Гејтс изнајмила остров за да избега од медиумите, еве колку чини едно ноќевање

По информациите за разводот на брачниот пар Гејтс, Мелинда одлучила да се повлече во медиумска изолација, а новинарите пренесуваат дека одлучила да изнајми приватен остров на кој едно ноќевање чини 132.000 долари.
Парот, кој помина 27 години во брак, во понеделникот соопшти дека се разведува, а одлуката ја објавија во заедничко соопштение.
Мелинда го изнајмила островот Каливигни кој е на површина од 80 хектари и на гостите им нуди 25 луксузни апартмани и викендичка. Она што е интересно е фактот дека островот е одалечен пет минути возење со број од Гренада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.