За денешниот доручек избираме едноставна и брза палента со сос од печурки

Ќе ви требаат само неколку состојки за да го подготвите овој едноставен рецепт, а можете да го послужите со вашата омилена сезонска салата.
Ќе ви требаат:
300 гр палента
250 гр печурки
1 кромид
100 мл бело вино
1 грст свеж магдонос
2 гранчиња мајчина душица
1 лажичка сенф
50 гр путер за сосот
50 гр путер за палента
50 гр рендан пармезан
Сол, бибер


Подготовка:
Ситно исечканиот кромид се динста во добро загреано маслиново масло. Кога ќе омекне, додадете ги исецканите печурки и оставете да крчкаат додека не го ослободат сокот. Додадете сол и бибер, мајчина душица и сенф, па вино. Гответе додека алкохолот не испари. На крај, додадете коцка путер и свеж магдонос и зачинете по вкус. Гответе ја палентата според упатствата на пакувањето, а кон крајот додадете коцка путер и малку рендан пармезан. Послужете топло со сезонска салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.