Хакери украле податоци од 4,5 милиони клиенти на Air India

Индиската национална авиокомпанија Air India соопшти дека во хакерски напад се украдени податоци на 4,5 милиони клиенти, вклучително и информации за пасоши и телефонски броеви за контакт.
Ова се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на авиокомпанијата.
Според авиопревозникот, преземањето на податоците се случило по сајбер напад против швајцарската компанија SITA, која се занимава со резервации на билети и обезбедување на телекомуникациски услуги.
– Нарушувањето се однесува на лични податоци регистрирани од 26 август 2011 година до 3 февруари 2021 година, вклучувајќи име, датум на раѓање, информации за контакт, информации за пасош, информации за билети, често извршени летови на Star Alliance и Air India, како и детали за кредитни картички, се вели во соопштението.
Компанијата соопшти дека веќе презела чекори за да се гарантира безбедноста на податоците. Инцидентот се испитува, вклучени се специјалисти од трети земји, а издавачите на кредитни картички се известени за инцидентот. Авиокомпанијата исто така ги советува клиентите да ги сменат лозинките каде што е можно за да ги зачуваат личните информации безбедни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.