Пакистанското правосудство нареди апсење на Мушараф

Пакистанскиот суд побара во четвртокот апсење на поранешниот претседател Первез Мушараф, кој неодамна се врати од егзил за да учествува на парламентарните избори, соопшти за AFP портпаролот на неговата партија.Судот побарал пасење на Первез Мушараф поради обвинувањата дека влијаел врз правосудните органи во 2007 година додека бил на власт.Мушараф дојде на власт во Пакистан со воен удар во 1999 година, а во 2008 година поднесе оставка откако неговите сојузници ги загубија изборите, а новата влада се закани дека ќе покрене процес за негово соборување од власта. Една година подоцна, ја напушти земјата.„Нашиот адвокат бараше продолжување на слободата под кауција. Тие коишто го обвинуваат не изнесоа сериозни аргументи за негово апсење, по подразбиравме дека ќе биде продолжена слободата со гаранција, но на наше големо изненадување судијата го отфрли продолжувањето и нареди апсење на Мушараф“, изјавил за агенцијата портпаролот на партијата на 69-годишниот поранешен пакистански претседател.Друг суд во средата ја продолжи кауцијата за Мушараф во една друга афера, наводно за учество во убиството на поранешната премиерка Беназир Буто во 2007 година, односно дека пружал заштита на извршителите на атентатот.Освен обвинувањата за влијанието врз правосудните органи и убиството на Беназир Буто, Первез Мушараф е осомничен и за убиството на автономистичкиот лидер на покраината Белуџистан, Акбар Бугти.Пакистанските обвинители се убедуваат да го убедат тамошниот Врховен суд да го осуди поранешниот претседател за велепредавство, бидејќи прогласил вонредна состојба додека владеел со единствената муслиманска земја сила што поседува нуклеарно оружје.Пензионираниот генерал во март се врати рели си по петгодишниот егзил во Дубаи, и во Пакистан има намера да учествува на парламентарните избори закажани за 11-ти мај, меѓутоа на почетокот од седмицава пакистанскиот суд ја отфрли неговата кандидатура.Кон крајот на март кога се очекуваше враќањето на Первез Мушараф во Пакистан, претставник на пакистанските талибани, Аднан Рашид кој е учесник во неколку неуспешни обиди за атентат врз поранешниот претседател, испрати видео порака до агенцијата Reuters во којашто најави организирање нови атентати врз него. Според Рашид, исламските муџахадини подготвиле специјална единици за ликвидација на Мушараф, во која се вклучени бомбаши самоубијци, снајперисти, специјална единица и борбена група.Мушараф го предизвика гневот на талибаните своевремено со одлуката да им се придружи на САД во војната против исламистите по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година и подоцнежните борби против исламските милитанти во Пакистан.
МакфаксПакистанскиот суд побара во четвртокот апсење на поранешниот претседател Первез Мушараф, кој неодамна се врати од егзи

Пронајдете не на следниве мрежи: