Поставена спомен-плоча посветена на украинскиот свештеник Олексиј Моргул

На 29 мај 2021 година, амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук и персоналот на Амбасадата го почестија споменот на украинскиот свештеник Олексиј Моргул (1887-1979), кој целиот свој живот го посветил на служење на Бога и на луѓето на македонското тло.
Олексиј Моргул е роден во Украина, во Полтава. По Октомвриската револуција ја напушти својата Татковина и се пресели на македонското тло. О. Моргул и неговата сопруга Текла уживаа исклучителна почит кај локалното население.
Според добрата традиција, секоја година на Денот на Светата маченичка Фотина персоналот на Амбасадата, Повардарската епархија и верската заедница на с.Пирава одржуваат свечени настани во спомен на Олексиј Моргул.
Во чест на споменот на украинскиот свештеник, во црквата Свети Ѓорѓи (Пирава, Валандово) се одржа панахида, каде што Олексиј Моргул служел целиот свој живот.
Амбасадорката Наталија Задорожњук положи цвеќе на гробовите на Олексиј Моргул и неговата сопруга Текла на локалните гробишта и одржа пријателска средба со жителите на Пирава и црковните службеници.

Во 2019 година, со помош на Амбасадата, Повардарската епархија, црквата во Пирава и лично отецот Драги, во црковниот двор беше поставена спомен-плоча посветена на украинскиот свештеник Олексиј Моргул.

Пронајдете не на следниве мрежи: