четврток, 12 ноември 2026
Најново

Досега администрирани над 300 илјади вакцини!! Забрзува процесот на имунизација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 304.904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 13.592 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.411 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429.464 граѓани.Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 41% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 34% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.

Поврзани вести