Владата го објави протоколот за одржување на свадби – дозволени ќе бидат 100 гости, ќе има жива музика, а дозволено ќе биде и играње. Угостителите велат допрва ќе се види како сето ова ќе функционира и во пракса. …
На една маса по шест лица, со музика и игра…. Владата ги објави протоколите за одржување на прослави и свадби кои предвидуваат ваквите настани да се дозволат само на отворениот дел и летните тераси. Бројот на гости е ограничен на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. А, послужување на конопој и шанк нема да има.
На влез задолжително ќе се мери температура… Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Бендот треба да биде оддалечен најмалку 5 метри од најблиската маса. Но, мешање со гости и музика „на уво“ не е дозволена.
Гостите ќе може да играат на обезбеден простор од 4м2 по лице. Близок физички контакт тоес гушкање и бакнување помеѓу гостите не е дозволено….
Колку протоколите се применливи во пракса, угостителите велат дека се уште анализираат…
„Ги анализираме се уште, има одредени нејаснотии, меѓутоа во консултации со ДПИ бараме и модел како најправилно тоа да се спроведе на терен. Очекуваме дека во наредниот период во наредниве две недели кога ќе се види како сето тоа изгледа на терен ќе дадеме и наши забелешки за да се спроведе целата ситуација. Очекуваме и дополнително олабавување во дел на можност за спроведување на мерките, односо за колегите со затворени ресторани, со барем една отворена страна бидејќи и тие се во доста голем број.“ изјави Мартин Ангеловски, Угостителска комора ССК
Протоколите не наидоа на одобрување кај музичарите. Според нив дозволата за музика само на свадба е дискриминирачка. Бараат можност за настапи по кафулиња, ресторани и кафани…, во спротивно „се заканија“ со протест в петок.



